Насловна / Архитектура / Павилјон од јагленисано дрво ќе се постави покрај Нотр Дам

Павилјон од јагленисано дрво ќе се постави покрај Нотр Дам

Архитектонската фирма Gensler претстави проект за павилјони што наскоро треба да се реализираат на плоштадот Парвис, во непосредна близина на самата катедрала Нотр Дам. Имено, изградбата на овој привремен објект има за цел да обезбеди утеха како за жителите на Париз, така и за сите посетители сè додека катедралата стара 850 години повторно не се обнови.

Notr Dam

Структурата на објектот би била конструирана од јагленисано дрво, за да се обезбеди дополнителна јачина и издржливост, ѕидовите би биле изработени од транспарентни поликарбонатни панели додека кровот би бил направен од лесна пластична мембрана од етилен-тетра Флуоро-етилен (EFTEC).

Со својот дизајн и структура, павилјонот и оддава почит на готската катедрала, а покривот и sидовите изработени од транспарентен поликарбонат ќе овозможат просторот да биде поплавен со природна светлина.

Notr Dam1

“Јагленисаното дрво, кое е еден од најстарите и најефикасните методи за заштита на дрвото од пожар, исто така симболизира дека она што еднаш ја уништило Нотр Дам сега само уште повеќе ќе ја зајакне“, рече архитектот Данкан Свинхои од познатото биро Gensler.

Notr Dam2

Димензиите на павилјонот се во основа исти како оние на катедралата, за да се направи новиот привремен простор колку што е можно попознат и интимен за верниците. Освен верските служби, просторот ќе послужи и за организирање изложби и претстави.

Зад олтарот ќе бидат поставени мобилни панели за да по потреба се даде јасен преглед на Норт Дам. Исто така, проектот вклучува ротирачки панели, кои можат да го поделат и целосно да го отворат просторот, според тековната намена.

Notr Dam3

Notr Dam4

Испрати коментар

Scroll To Top