Насловна / Вести / Париз го зголемува бројот на јавните тоалети кои ќе бидат отворени 24 часа дневно

Париз го зголемува бројот на јавните тоалети кои ќе бидат отворени 24 часа дневно

Градските власти, во главниот град на Франција, Париз, објавија дека ќе го зголемат бројот на јавни тоалети, кои ќе бидат отворени 24 часа дневно, со што ќе им олеснат на бројните туристи и жители, а секако ќе ја намалат и смрдеата на урина.

Тоалет во Париз е тешко да се најде, доцна навечер, па многумина се осудуваат да мократ на градските улици.sanisette

Тоа е практика која Французите ја викаат „диво мокрење“ (pipi sauvage), што со новата мерка на градот, треба да замине во заборав.

Новиот план предвидува поставување 170 автоматизирани јавни тоалети, ова лето.

Исто така, властите планираат да отворат 50 тоалети кои ќе бидат лоцирани на најпрометните места.

Употребата на јавните тоалети од 2011 година се зголемила за 41 отсто, но луѓето не се многу задоволни од нив.

„Тие често смрдат на урина и не сакаш баш да си близу нив“, вели еден таксист за Le Parisien.

„Јас сум ги користел еднаш, да бидам искрен, и нема уште еднаш моја нога да стапне во нив, освен ако е ептен неопходно“, вели жител од центарот на градот.pariz toaleti

Без разлика како се чувствувате кога ги користите јавните тоалети, мокрењето на диво се казнува, а во 2014 година биле казнети 2.189 луѓе, додека во 2015 година, 2.511 луѓе биле казнети во Париз. Казната е зголемена од 35 евра на 68 евра, па секој што ќе одлучи да мокри на улица, ќе размисли два пати за тоа.

Испрати коментар

Scroll To Top