Насловна / Вести / Креирање на цветна градина како развоен процес

Креирање на цветна градина како развоен процес

Креирањето на совршена градина претставува долг развоен процес. Работата во градината понекогаш не дозволува исклучоци, а комплетната слика го прикажува карактерот на градинарот. Градината претставува жив организам кој постојано расте, развива и менува.hortikultura_9

Затоа грижата за растенијата во неа е многу важна, за што не е неопходно само да се познаваат видовите, туку и да им се посвети големо внимание. Ова особено важи за цветните градини, каде што потребата од внимание и обврските за задоволување на овие растенија во текот на сите сезони е многу големо.hortikultura_2

Покрај сезонските цвеќиња кои ги купуваме во текот на пролетта и есента, има голем број на перени кои со своите цветови можат да создадат неповторлива слика во градината. Периодот за садење на овие растенија е зависно од видот. Повеќето од перените што цветаат во пролет, како лалињата и многу други, се сеат кон крајот на септември.hortikultura_8

Понежните видови на перени како далија, гладиоли и слично се сеат кон крајот на пролетта, со цел да се избегне појавата на студена ноќна роса која им штети на овие видови. Длабочината на садење, исто така, е еден од предусловите за здрави растенија. Во практика, најприменуван и најпрепорачлив начин на садење е на длабочина еднаква на височината на кртолата, луковицата или семето.hortikultura_7

Во поглед на местоположбата, треба да се има на ум дека поголемиот дел перени кај нас имаат потреба од сончеви месторастења. Исто така, треба да се внимава да не се садат кревки и високи видови на ветровити места, затоа што многу често се случува да бидат оштетени.hortikultura_6

За постигнување на максимален ефект во ваквиот тип на основно правило, е растенијата да не се садат или сеат на еднакво растојание едно од друго, во спротивно целиот план за креирање опуштена градина би пропаднал во вода.hortikultura_5

Целта на ваквото садење на различно растојание помеѓу перените, е да се постигне природен микс на цветови и бои, а целокупната слика да изгледа како да е создадена од самата природа, и за сиот потребен труд да се постигне тој ефект, би го сфатиле само вистинските градинари.hortikultura_4

Голем број перени кои цветаат преку целото лето се одлични за креирање на цветни бордури. Бордурите може да се подигнуваат покрај патеки, плоштадки, вдолж оградите, објектите и слично. Тие се садат, најчесто, во неколку реда од различни видови перени, така што треба да се внимава на големината на листовите и обемот на цветање, но пред сè на максималната височина која ја достигнува конкретниот вид, за да не дојде до затскривање на оние перени кои се засадени во последните редови од бордурата.OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Оние видови што формираат густа лисна маса и обилно цветаат, може да бидат засадени поединечно, за разлика од оние видови што имаат ситни ливчиња и цветови. За таа цел најдобро е ваквите перени да се садат во групации кои би покривале поголеми површини (пр. 1М2) со цел да го постигнат саканиот ефект.

Зимзелените видови се повеќе од потребни во текот на зимскиот период кога перените во целост ќе се исушат. Во зима бордурите не се повеќе силно обоени и атрактивни како преку вегетацискиот период на перените, па затоа е препорачливо да се користат и видови кои презимуваат. Бамбусот претставува еден од зимзелените видови кои одлично би се вклопил во бордурите, а преку зимата може да претставува основа околу која би се формирале перените наредната година.hortikultura_1

Исто така, декоративните треви изгледаат фантастично до доцна во зимата, сè додека не дојде периодот кога треба да се пресечат до тлото на почвата.

Испрати коментар

Scroll To Top