Насловна / Вести / Паметни очила за шетање низ Виена

Паметни очила за шетање низ Виена

Градот Виена се подготвува за воведување на технологија која со помош на т.н „паметни  очила“, ќе овозможи брзо добивање на информации и податоци за различните објекти и знаменитости. Во пракса, тоа значи дека ако се шетате пред катедралата „Св. Стефан“, и ги ставите „паметните очила“, со насочување на погледот кон објектот ќе ги добиете сите информации за таа катедрала. Производството на овие очила се подготвува во една компанија која е лоцирана во виенската населба Асперн (новоизградена паметна населба со нови технологии). Во системот може да се врадат и видеои запис и фотографија, а сето тоа може да се испрати на избран e-mail. Првобитно, планот бил производството на овие очила да се лоцира во Силиконската долина во САД, но благодарение на субвенциите од ЕУ, одлучено е тоа да остане во Австрија. Многу компоненети се изработуваат со помош на технологиите на 3D печатење, а електрониката во очилата се вградува рачно.

smart glasses2

smart glasses3

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top