Насловна / Вести / „Пакомак“ добитник на наградата „Energy Globe Award“

„Пакомак“ добитник на наградата „Energy Globe Award“

Проектот „Хокус покус, рециклирањето е во фокус“, што „Пакомак“ со магионичарот Кристијан Шопов го реализира за еко-едукација на децата од предучилишна и од училишна возраст е добитник на интернационалната награда „Energy Globe Award“.

Како што информираат од „Пакомак“, станува збор за најзначајната еколошка награда во светот со која им се оддава интернационално признание на проекти со голем придонес кон заштитата на животната средина во национални рамки.

Pakomak

“Во овој проект „Хокус покус, рециклирањето е во фокус“, преку забавна магионичарска претстава и интересни трикови, децата учеа за важноста на селектирањето и за одржувањето чиста животна средина. Претставата во која децата се едуцираа, дека стаклото треба да го фрлат во зелениот контејнер, хартијата во синиот, а пластиката и лименките во жолтиот контејнер ја видоа над 33.700 деца во Скопје од 52 училишта и уште 17.000 деца од 45 училишта од седум градови од Македонија“, соопштија од „Пакомак“.

Проектот е поддржан од Пивара Скопје и Холандската амбасада во земјава.

За „Energy Globe Award“ оваа година конкурирале над 2.500 различни еко-проекти од над 180 земји. Наградата се доделува на национално ниво според утврдени критериуми, оценувајќи го долгорочниот ефект на секој проект врз заштитата на животната средина.

Испрати коментар

Scroll To Top