Насловна / Архитектура / „Оживување“ на античките термални бањи во Екс ле Бен

„Оживување“ на античките термални бањи во Екс ле Бен

Античките термални бањи „National Thermal Baths“ во Екс ле Бен кои не работат подолго време конечно ќе „оживеат“, благодарение на архитектонската фирма Vincent Callebaut, која има направено одржлив проект за ревитализација на ова место. Оваа компанија победи на конкурсот со предлогот наречен „The Foam of Waves“.

banja

Победничкото решение не само што нуди враќање на античките термални бањи,туку претставена е и остварлива парадигма за производство на енергија, која ги следи насоките за намалување на јаглерод, како што е препорачано од страна на Конвенцијата на ОН за климатски промени. Проектот ќе вклучи изградба на комплекс за мешовита употреба, вклучувајќи станбени, комерцијални,  туристички и образовни објекти, како и урбана фарма која ќе биде на зелен кров и ќе ги интегрира пермакултурата и аквапониката.

banja1

Со проектот „The Foam of Waves” остатоците од римскиот период ќе бидат заштитени. Со цел да се донесе нова енергија во местото, архитектите создале програма наменета за привлекување на локалните луѓе, туристи и деловни инвестиции. Во оваа смисла, со проектот ќе бидат опфатени и изградени туристички информативни центри, центар за интерпретација на  архитектура и наследство, велнес центар, училиште, трговски центар со велнес, ресторани, канцелариски простории, 185 „зелени апартмани“ и паркинг .

banja2

Со овој архитектонски проект на идните жители и посетители ќе им се даде можност да усвојат нови животни стилови кои ја почитуваат животната средина, здравјето и урбаниот просперитет, едноставно да живеат подобро. Тоа е „еластична“ архитектура, проникната од природата. Тоа е ода на биолошката разновидност, обновлива енергија и кружна економија, која се залага за изградба на јаглерод-неутрални градови кои не користат фосилни горива, нуклеарна енергија и инсектициди.

banja3

Освен зелен кров, зградата ќе има обновена и брановидна фасада со балкони кои се доволно големи во нив да може да се насадат дрвја и да се направат приватни градини за жителите. Фасадатана објектот ќе биде оптимизирана за да се постигне непропустност и добра изолација.

banja4
Проектот има за цел да генерира повеќе енергија отколку што троши. Ова ќе се постигне со соларни фотоволтаични и термални кровови, мала постројка за биомаса која ќе се наоѓа. Исто така, ќе се имплементираат системи за собирање на дождовница и системи за рециклирање на отпадните води.

banja5

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top