Насловна / Вести / Овој мал град во Шпанија е „отсечен“ од светот, и нема ниту еден случај на заболен од корона вирусот

Овој мал град во Шпанија е „отсечен“ од светот, и нема ниту еден случај на заболен од корона вирусот

Zahara de la Sierra е мал град сместен на брегот на морето, а тврдината која се издигнува над него во минатото служела за одбрана од непријателите. Маурите и христијаните овде воделе војни во текот на средновековието, а денес благодарение на својата положба се наоѓа во одлична позиција за одбрана од еден нов непријател – корона вирусот.

Градоначалникот на 14-ти март одлучил да го “отсече“ градот од остатокот на светот, оставајќи отворен само еден од петте влезови. Ова се пoкажало како успешен потег, бидејќи за разлика од остатокот на земјата во која се забележани над 100.000 заболени, овде не е регистриран ниту еден случај.  Неговите драстични мерки биле примени со полна поддршка од граѓаните, а посебно од повозрасните од 65 години, кои сочинувааат речиси четвртина од населението.

Градот се наоѓа на околу еден час возење од Севилја, град кој до неодамна го посетуваа голем број туристи. Но, сите кои изразиле желба да го посетат и Zahara de la Sierra биле вратени.
zahara1

default

zahara3

 

Испрати коментар

Scroll To Top