Насловна / Вести / Електричен велосипед од Србија, го мери загадувањето на воздухот

Електричен велосипед од Србија, го мери загадувањето на воздухот

Стручњаците од  српската компанија E prime конструирале единствен електричен велосипед кој може да го мери загадувањето на воздухот во текот на возењето но и во мирување. Станува збор за моделот на електричниот велосипед  Effecto, кој сега може да се набави со уред за надворешно отчитување на загадувањето на воздухот, а можни се мерења на повеќе клучни параметри. Овој модел на велосипед, покрај тоа што не ја загадува околината, со незначителна потрошувачка на електрична енергија може да помине 100 километри, наведуваат од компанијата E prime. Електричниот велосипед од овој производител е меѓу најдобрите решенија на просторите на Европската унија, кои се произведени со комбинација на домашни идеи и во најголем дел со домашни суровини.

elbike1

Испрати коментар

Scroll To Top