Насловна / Вести / Оваа година родени повеќе од 130 фоки на устието на Темза (видео)

Оваа година родени повеќе од 130 фоки на устието на Темза (видео)

Темза во педесетите години од 20. век прогласена е за „биолошки мртва“ река, а 60 години подоцна се проценува дека на нејзиното устие се родени 138 фоки.
Научниците проценуваат дека на устието на Темза во моментов живеат околу 1.104 прави (phocids) и 2.406 сиви фоки.
Во првото истраживање спроведено од научници од Лондонското зоолошко друштво фоките се броени, така што се анализирани стотина фотографии снимени од воздух во тек на минатогодишната сезона на парење.

тем1
Биологот Теа Кок наведува дека биле воодушевени кога избројале 138 младенчиња родени во само една сезона. Нагласува дека сигурно фоките не би можеле да опстанат доколку немаат сигурен извор на храна, што значи дека ова е добар показател колку екосистемот во Темза е обновен по 60 години.

тем2
Со истражување е утврдено дека бројот на фоките на темза е во пораст, но научниците не биле сигурни дали до порастот дошло затоа што пристигнале фоки со младенчиња од други области во кои опаѓа бројот.
Во Темза живеат и прави (phocids) и сиви фоки, но само правите (phocids) можат да се парат во нејзините води. Затоа истражувачите одлучиле дека најсигурен метод е да ги пребројат новородените младенчиња во тек на годината за да можат со сигурност да утрдат зошто доаѓа до пораст на нивниот број.

Испрати коментар

Scroll To Top