Насловна / Вести / Ова се петте најголеми стадиони на светот

Ова се петте најголеми стадиони на светот

На некои од овие терени се игра фудбал, на некои рагби, а многу од нив се домаќини и на разни концерти. Без оглед на нивната намена, ова се петте најголеми стадиони ан светот, од кои три се наоѓаат во САД а два на азискиот континент. Најголемиот стадион во Европа, стадионот Camp Nou на Барселона, е надвор од оваа петорка, бидејќи прима „само“ 99.354 гледачи.

1. Narenda Modi, Индија. Капацитет: 120.000 гледачи

Овој стадион наменет за крикет е најголемиот на Планетата. Изграден е во 1983 година, а за прв пат е реконструиран 23 години подоцна. Во 2015 година, стадионот е срушен, за повторно од темел да биде изграден една година подоцна. Рекордната посетеност стадионот ја регистрирал во 2020 година, при посетата на тогашниот американски претседател Трамп, кога неговата средба со индискиот премиер ја следеле над 100.000 луѓе.

stadium1

2. Стадион „1ви Мај“, Северна Кореја. Капацитет: 114.000 гледачи

Стадионот е отворен на 1ви мај 1989 година, и станува збор за втор по големина стадион на светот, но што се однесува до фудбалот тој е најголемиот стадион на светот. Најчесто овде се одржуваат фудбалски натпревари, но и разни приредби под покровителство на државата. Оригиналниот капацитет бил 150.000 луѓе, но во 2014 година е намален на постоечката бројка.

stadium2

3. Стадион Michigan, САД. Капацитет: 107.601 гледач

Стадионот е познат и под прекарот „Голема куќа“, што не е изненадување, бидејќи тој е трет по големина стадион на светот. Изграден е пред речиси 100 години, поточно во 1927 година. Тогаш имал капацитет од 72.000 луѓе. Со време тој се проширувал до денешниот капацитет. Рекордната посетеност ја бележи во 2014 година, како домаќин на хокеарскиот натпревар помеѓу Тотонто и Детроит, со 105.491 гледач. Воедно, тоа е светски рекорд на посетеност на еден хокеарски натпревар.

stadium4

4. Стадион Beaver, САД. Капацитет: 106.572 гледачи

Сместен е во сојузната држава Пенсилванија, а изграден е во 1960 година. Оттогаш до денес имал бројни проширувања на капацитетот. Најчесто е домаќин на разни наптреварувања помеѓу универзитетските тимови, особено во американски фудбал.

stadium3

5. Стадион Ohio, САД. Капацитет: 102.780 гледачи

Стадионот е предвиден првенствено за натпревари во американски фудбал, и тоа за универзитетскиот тим од Охајо. Но, често угостува и светски музички ѕвезди, па така овде настапувале Rolling Stones, Beyonce, Metallica, U2…

stadium5

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top