Насловна / Вести / Отворен рускиот „Пат на свилата“ кој ги поврзува Северна Европа и Азија

Отворен рускиот „Пат на свилата“ кој ги поврзува Северна Европа и Азија

Цариниците на рускиот град Нахотке на далечниот исток на Русија, ја оцариниле првата серија од 37 контејнери кои стигнале преку новата транзитна рута Северна Европа – Азија. Оваа рута е дел од пилот проектот на Федералната царинска служба на Русија и компанијата Maersk. „Контејнерите со дрвени материјали, хемиски производи и текстил, стигнале во пристаништето Восточни (во Приморската област) преку Транссибирската железница од земјите на Северна Европа преку Санкт Петерсбург. Потоа стоката е испорачана кон Јужна Кореа и Јапонија“ се вели во соопштението. Исто така, се истакнува дека оваа рута овозможува двојно скратување на времето за испорака помеѓу Европа и Азија – за 18 или 20 дена, споредено со традиционалната рута преку Суецкиот канал кога за доставата биле потребни 42-45 денови.

Претходно е соопштено дека Maersk во соработка со компаниите Modul и Global ports организираше мултимодален сервис за испраќање на контејнери од земјите на Северна Европа во Азија преку Санкт Петерсбург. Слична услуга преку овие три компании претходно функционирала и вo спротивната насока, Азија – Европа.

silkroute1

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top