Насловна / Вести / Отпадното стакло сè помалку е ѓубре

Отпадното стакло сè помалку е ѓубре

Свеста за собирање, селектирање и рециклирање на отпадот во Македонија од година во година расте. Како хартијата и пластиката така и стаклото е материјал кој е драгоцен за рециклирање. Стаклото е единствено. Ова е единствен материјал кој може 100 отсто да се рециклира. Старото стакло може да се преработи безброј пати, а притоа не го губи квалитетот и тоа се користи како вредна суровина за производство на нова стаклена амбалажа. Од еден тон старо стакло, со додаток на енергија, се добива еден тон нова стаклена амбалажа. Што повеќе стакло се рециклира тоа значи дека се троши помалку енергија и суровина, а со тоа се намалува и емисијата на СО2. Со рециклирање на стаклото се придонесува кон заштита на околината од што сите имаат корист.

стакло
Пакомак во Македонија има поставено контејнери за собирање на стаклена амбалажа на над 650 локации во повеќе од 15 градови, а бројката постојано расте како што потребата на граѓаните се зголемува. „Во 2017 година Пакомак има собрано над 2.100 тони стаклена амбалажа, а за оваа година очекуваме таа бројка да порасне до 2.400 тони. Пакомак постојано работи на подигнување на свеста кај луѓето преку различни активности. Со оглед на фактот дека се собрани над 2.100 тони стаклена амбалажа можеме да кажеме дека свеста е подигната, но има уште многу да се работи на оваа тема“, велат од Пакомак. Од оваа компанија велат дека стаклената амбалажа која ја собираат ја носат на рециклирање во Бугарија.

6
Од Пакомак велат дека подигнувањето на свеста за собирање на стаклена амбалажа е напредната со собирање од над 700 угостителски објекти, ресторани и кафулиња. Од овие објекти Пакомак месечно успева да собере над 80 тони стаклени шишиња чија крајна дестинација се фабриките за рециклирање на стакло. Тоа значи над 200 илјади шишиња месечно кои повторно ќе се преработат и ќе станат амбалажа, со минимална можна потрошувачка на енергија и загадување на околината. Оваа активност досега се покажала како многу ефикасна иако од самите угостители не бара голем ангажман, освен високо ниво на еколошка култура која треба да ја има и кај секое домаќинство во државата.
Во Македонија од компанијата АКРОН велат дека се единствени кои се занимаваат со третман на отпадното стакло. „Ние ги следиме светските стандарди за искористување на отпади и преку нивно имплементирање во процесите на работа правиме чекор напред во управувањето со отпад во Македонија. Тоа е пример што треба да го следат сите компании што се занимаваат со некаков вид на производство“, велат од АКРОН.
Над 40 илјади тони отпадно стакло завршува во депониите низ Македонија секоја година. Стаклото е единствен амбалажен материјал што може неограничено да се рециклира и притоа да го задржи истиот квалитет. Рециклирањето на еден тон отпадно стакло спречува да бидат ослободени четири килограми издувни гасови во атмосферата. Еден тон рециклирано стакло заштедува 42 киловат часови електрична енергија, 19 литри нафта, два кубни метри депониски простор, 603 килограми песок, 196 килограми сода, 196 килограми варовник и 70 килограми фелдспат. Луѓето во Македонија сè уште не се целосно запознаени со рециклирање на стаклото. Сè уште не знаат за процесот и придобивките, но сепак, се шири интересот и граѓаните ја поддржуваат иницијативата.
Приказната за рециклирање на стакло почнува од селектирање на стаклени шишиња и тегли во домовите. Сортирањето и одвојувањето на материјалот се одвива во контејнери, а потоа се селектира по боја. Необоено, зелено и кафеаво стакло. Потоа се врши третман на стаклото и се ситни на помали честички, гранули и се пакува. Компанијата АКРОН засега прави само механички третман на стаклото. Не се топи, туку се дроби и пакува и се извезува надвор од Македонија.

BRIT_GLASS_Recycling_0
Примерите од повеќе земји покажуваат дека обработеното стакло, познато како „крш“, многу зависи од бојата. Затоа се прави претходна селекција по боја. Откако „кршот“ ќе пристигне во фабриката за стакло, се меша со суровински материјал за да може да почне обработката во стаклото. Тој материјал е песок, инаку познат како силикат, натриум карбонат и калциум карбонат.
Стаклениот крш во производството на амбалажно стакло е многу важна секундарна суровина. Во последниве години примената на кршот има сè поголема важност заради зголемените напори за заштита на околината.

стакло2
Уделот на кршот во суровинската смеса може да биде во различни масени проценти. Во смесата на основни суровини може да се додаде и до 70 отсто, па и повеќе крш (кафено и зелено стакло), додека кај белото стакло тој процент е помал до 40 отсто.
За употреба на стаклениот отпад во производството на амбалажа особено е важно стаклениот крш од рециклажа да биде поделен по боја, да биде чист од несакани примеси и исклучиво мора да биде од амбалажа.
Процентуалното учество на стаклото како фракција од комуналниот отпад, согласно со податоците од Националниот план за управување со отпад, е околу 3,5 отсто, па оттука направен е напор за изнаоѓање на решение и негова повторна примена. Стаклото е невозможно да се разгради по природен пат, но во технолошка постапка стаклото може 100 отсто да се рециклира без губиток на масата и квалитетот во интерес на заштита наживотната средина и заштеда на енергијата.
стаклен крш1
Според податоците една фамилија просечно користи 500 стаклени шишиња и тегли. Стаклото може да се рециклира сто отсто повторно и повторно. Ако се фрли стаклено шише и заврши на отпад, тоа нема никогаш да се разложи. Но, со рециклирање на едно стаклено шише се заштедува енергија која е потребна за една светилка од 100 вати да работи еден час, компјутерот да работи во тек на 25 минути, ТВ-приемникот да работи во тек на 20 минути, машината за перење на алишта да работи во тек од 10 минути.
Освен за повторна употреба стаклото може да се користи да замени некои од агрегатите кои се користат во производството на бетон. Бетонот што содржи стаклен крш како агрегат понекогаш се нарекува „стаклен бетон“ (glasscrete). Ситно дробеното стакло (< 5 mm) може да се користи како замена за песок за подлога (или прав од дробилка), за апликации како што се бехатон и цевки.

[/mobileonly]

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top