Насловна / Вести / Откријте го луксузот на темнината во новиот токиски ресторан дизајниран од Snøhetta

Откријте го луксузот на темнината во новиот токиски ресторан дизајниран од Snøhetta

Архитектонското биро Snøhetta, соработуваше со Ghetto Gastro од Бронкс, за да создаде интригантен ресторан во Токио, кој ќе им понуди на сите свои гости неверојатни искуства за јадење.

1_resize

Сместен над бакалница во Харајуку делот на градот, Burnside е лежерен ресторан во текот на денот и бар во вечерните часови. Целиот негов простор е дизајниран имајќи ја предвид флексибилноста, бидејќи во него ќе се менува цели список на професионални готвачи, со организација на pop-up и други настани. Ресторанот се состои од трпезарија со доволно места за 30 лица со отворена кујна, каде што секој детал е создаден со употреба на темна палета на бои, со акценти во боја на јантар.

3_resize

Самиот ресторан, кој го одбележува првиот проект на Snøhetta во Токио, дизајниран е за уметничко-дизајнерскиот колектив En One Tokyo, со помош на локалните градежни компании Kooo Architects и Ghetto Gastro, група готвачи специјализирани за креирање интересни настани.

2_resize

„Користејќи храна како би се зајакнале заедниците и комуните, Ghetto Gastro го слави Бронкс како инспирација и катализатор на глобалната култура. Burnside ја надградува оваа креативна енергија, каде што се среќаваат Бронкс и Токио “, објаснуваат од бирото.

Црната е избрана како доминантна боја, во улога на референца на атмосферата на токиските Izakaya барови и карактеристичниот финиш на палено дрво Shou Sugi Ban. Во исто време, црната боја го претставува кулинарскиот стил на Ghetto Gastro, опишан како „Black Power Kitchen“.

4_resize

Тимот архитекти сакал да создаде искуство на јадење кое во себе ја комбинира интимноста на барот со лежерноста на бакалите. Дизајнерот за звук, Devon Turnbul, познат и како Ојаѕ, дизајнирал bespoke звучен систем за овој простор, додека локалниот цвеќар, Makoto Azuma, креирал серија цветни скулптури прикажани зад стаклото во трпезарискиот простор.

5_resize

Кога ќе стигнат до овој ресторан, гостите се искачуваат по скалите од нивото на улицата до вториот кат, каде ќе бидат пречекани од прекрасна отворена кујна со заоблено парче расвета во боја на ќилибар, кое се протега долж таванот.

Просторот е поделен со помош на два лака кои се пресекуваат, истовремено обележувајќи ја трпезаријата и кујната. Скалите ве водат до отворена кујна која наликува на театарска сцена, а врамена е со заоблени sидови. Централната маса во кујната е фокусна точка на просторот, бидејќи токму таа подготовката на храната ја трансформира во перформанс.

6_resize

Флексибилниот распоред на кујната е дизајниран да се прилагоди на ротирачкиот список на готвачи, додека исто така може да се користи и за јадење или затворена, привремена галерија. Масите во семеен стил, правени по мерка го користат просторот на начин кој овозможува да се спојат или склопат, што дозволува креирање на различни распореди.

7_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top