Насловна / Архитектура / Орис издаде монографија за познатиот Тадао Андо

Орис издаде монографија за познатиот Тадао Андо

Хрватската архитектонска куќа „Орис“, како мултимедијална платформа наменета за презентација на архитектурата и  културата, во едно од своите нови изданија ја претставува работата на добитникот на Прицкеровата награда. Судејќи по самиот изглед на книгата, читателите веќе при првиот визуелен контакт имаат јасна претстава за нејзината содржина, имајќи во предвид дека кориците на монографијата ја одразуваат архитектурата на познатиот јапоснки архитект Тадао Андо.

Tadao Ando

Монографијата Transcending Oppositions го нагласува односот помеѓу Андовата работа и современата култура на јапонското општество. Стилистичкиот пристап на Андо кон архитектурата е детализиран преку намалениот дизајн на монографијата. Графичкиот дизајнер Борјана Катиќ стои зад овој проект, инспириран од архитектонските дела на архитектот, а истата методологија е одбележана и со печатениот материјал.

Tadao Ando1

Кориците на книгата се изведени преку минималистички дизајн кој имитира перфорирани бетонски блокови, додека распоредот на страниците е транспарентен и покриен со името на архитектот.

На почетокот на секое поглавје, Борјана одлучила да користи паус хартија, алудирајќи на играта на сенка и светлина, како и транспарентност, кои се карактеристични елементи за овој архитект.

tadao Ando2

Остри и задебелени букви, кои се во контраст со светлина и транспарентна хартија, ја симболизираат тежината на Тадао Андо во светот на архитектурата.

Содржината на книгата е поделена на четири категории кои го нагласуваат делото на Андо за време на неговата кариера. Секоја категорија вклучува описни текстови, заедно со неколку проектни фотографии, како и кратки изјави дадени од Тадао Андо и неговите соработници.

Tadao Ando3

Испрати коментар

Scroll To Top