Насловна / Вести / Оригиналната макета на Скопје се спаси од пожарот

Оригиналната макета на Скопје се спаси од пожарот

Oригиналната макета за изградба на Скопје по земјотресот во 1963 година не е уништена во пожарот во кој до темел изгореа бараките на поранешниот Институт за урбанизам во Скопје, објави ТВ 21.

Документите кои се постари од 20 години, се предаваат на долготрајно чување во Државниот Архив, но макетата дизајнирана од познатиот јапонски архитект Кензо Танге, се наоѓа во рацете на главниот акционер на објектите на Институтот за урбанизам, Менди Ќира.скопје макета

– Бидејќи пред неколку месеци имавме грабеж во овие бараки, за среќа, макетата на Градот Скопје што е направена по земјотресот во 1963 година, ја отстранивме од таму – изјави Ќира, додавајќи дека ќе ја задржи, сè додека не му дадат компензација.

Испрати коментар

Scroll To Top