Насловна / Вести / Во Атина формиран Форум на древни цивилизации

Во Атина формиран Форум на древни цивилизации

Дипломатите кои ги претставуваат древните цивилизации на 10 земји, во понеделникот, одржале средба во Атина и основаа нов меѓународен клуб, пренесува агенцијата AП.

На првата средба на „Форумот на древни цивилизации“, во Атина учествувале министри за надворешни работи или дипломати од висок ранг од Кина, Индија, Иран, Ирак, Италија, Египет, Грција, Мексико, Боливија и Перу.цивилизации

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во своето обраќање истакнал дека тие култури ги поврзува наследство на „позитивна моќ, сила на знаење, образование и напредок“ и изразил надеж дека 10-те земји ќе имаат корист од соработката.

Членките на новиот клуб историјата ги поврзува повеќе од географијата или сегашната моќ, а секоја од 10-те земји била меѓу водечките сили на цивилизацијата во некое, древно време во текот на минатите 4.000 години од историјата, потсетува AП.

Испрати коментар

Scroll To Top