Насловна / Архитектура / Оптимална акустика во секој тип на објект

Оптимална акустика во секој тип на објект

Компанијата Кнауф Македонија организираше семинар на тема „Room for Expression“. Настанот беше посетен од повеќе од 200 архитекти, од Македонија, како и гости од Србија, предводени од претставници на коорганизаторот – компанијата Кнауф Србија. Кампањата „Room for Expression“ има единствена идеја, промовирање на можностите на Кнауф акустичните материјали, за постигнување на оптимална акустика во секој тип на објект, без никаков компромис со дизајнот, барањата на градежната физика, боите, текстурите, идеите на архитектите, нивните замисли, итн.

_DSC2358
А каде би се одржал ваков собир, ако не во срцето на најреферентниот објект во регионот за 2017-та година, посебно кога се работи за акустика – новиот објект на Македонската филхармонија. Филхармонијата веќе ја заврши својата прва сезона во новиот објект, па сите информации кои беа поделени на настанот се веќе проверени на дело.
Објектот, кој помина низа промени од својот оригинален план (посебно во ентериерната обработка на големата и малата сала), базиран на избраниот Идеен проект на д. и. а. Виктор Михајлов и по главниот проект на архитектите Викторија Костова-Волчкова и Марија Костовска од легендарното студио „Македонијапроект“ конечно годинава блесна и ги прими своите главни корисници – музичарите, врвните гости, изведувачите и гледачите, нудејќи им единствена можност, прв пат во Скопје и во Македонија да слушнат како филхармониските дела треба да зазвучат на сцена.

_DSC2359
На настанот, низ презентациите на проф. Миомир Мијиќ, одговорниот акустичар на објектот, Зоран Гаковиќ, претставник на главниот изведувач Штрабаг АГ и изведувачот на ентериерот – Александар Докмановиќ, од српската фирма Мезосистем, слушнавме како течела разработката на проектот, изведбата на панелите во главните сали и нивната монтажа. Она што ретко кој го знае, е дека „дрвените“ панели, кои се носители и на дизајнот на ентериерот, а нормално и на акустиката на истиот, не се дрвени, туку се гипсфазер плочи, посебно произведени од Кнауф со точна густина и дебелина, за да одговараат на од акустичарот предвидените параметри на апсорпција и рефлексија на звук. Потоа тие плочи се фурнирани во погонот на Мезосистем, донесени во Скопје и монтирани на Кнауф UA-профили, директно фиксирани на бетонските платна околу салите.
Двете сали се изведени под спуштен таван со висока противпожарност, над кој пак е поставен Кнауф Cleaneo спуштен таван со висока звучна апсорпција, за спречување на ширењето на звукот во заедничкиот поттавански простор.

_DSC2363
Кнауф е одговорен и за одличната звучна изолација во вежбалните (гримиорни), кои се проектирани и изведени согласно најстрогите барања за акустика и практичност, а она што за човек кој прв пат влегува во објектот е најзабележително е нереалната завршна површина на сите гипсени елементи во фоајето и ходниците. Фоајето е исклучително проектиран ентериер, со мноштво закривени и целосно бели површини, изведени од комплексни префабрикувани елементи, над кои Кнауф глет-масите имаа највисока одговорност, реално да ја пренесат естетиката на идејата на проектантот и прецизноста на изведувачите на декоративните елементи од гипс. Употребени се глет-масите од најновата Perfect Surfaces палета на Кнауф, SuperFinish и Finitura, за постигнување на ефектот кој денес и трајно е видлив за гостите на објектот.
Зотовски Блажен, од Кнауф Македонија, имаше информативна презентација за сите употребени Кнауф системи во објектот на Филхармонијата. Горд на техничката поддршка која Кнауф ја отстапил во периодот на проектирањето, како и регионалната активност на канцелариите на Кнауф во Србија и Македонија во времето на подготовка и изведба на објектот, укажа на важноста на акустиката во сите типови на објекти. Училишта, болници, ресторани, градинки, канцеларии, јавни објекти, сето анимирано преку аудиопримери за добра и лоша просторна акустика и листа на референтни објекти на Кнауф, расфрлани низ светов и прочуени по врвниот дизајн и карактеристики на градежната физика и биологија.
Денот го завршивме во главната сала, на последниот настан за сезоната 2017/2018, концертот „Нинг Фенг се враќа“, на која се уверивме во врвната акустика на објектот низ полниот состав на Македонската филхармонија и реномираниот гостин, светски познатиот виолинист, Нинг Фенг.

knauf_1

269_Layout 1

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top