Насловна / Порта3 / Општина Крива Паланка ќе гради шест патни правци

Општина Крива Паланка ќе гради шест патни правци

kriva-palanka

 Општина Крива Паланка ќе гради шест патни правци, од кои три се делови од градската улична мрежа, а три се наоѓаат во приградските подрачја, одлучи на последната седница општинскиот Совет.

Во одлуката се дава приоритет за реализација на проектите за изградба на уличната мрежа „Кочо Рацин“, изградба на дел од крак 2 на пристапната улица „Ацо Шопов“ во населеното место Лозаново, како и доизградба на дел од улицата „Гоце Делчев“ на спојот со улицата „Осоговска“.

Исто така ќе се реконструира локалниот патен правец Крива Паланка – село Конопница на локацијата од маала Стамболици, преку месноста Кула до месноста кај црквата во селото Конопница, ќе се реализира проектот за изградба на општинскиот пристапен пат Лиска-Стублица на локалниот пат село Конопница – село Мождивњак, како и  проектот за изградба на локалниот пат село Конопница – спој со А-2.

Приоритетот за изградба на сите патни правци се дава врз основа на Јавниот повик за користење средства од ИПА програмата на Европската Унија преку Грантот за рурална инфраструктура, објавен од страна на Министерството за финансии на Република Македонија.

Испрати коментар

Scroll To Top