Насловна / Вести / Општина Центар го казни изведувачот на улицата на Кејот

Општина Центар го казни изведувачот на улицата на Кејот

Овластениот градежен инспектор на општина Центар ја казни фирмата изведувач „Блерофикс“ ДОО Скопје, која работи на улицата на Кеј.

Како што соопштија од Општина Центар, во времето кога инспекторот вршел надзор над градилиштето, сите вработени кои дотогаш биле таму и работеле, побегнале и не се вратиле.

Ова се случувало претпладнево кога градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, заедно со овластениот општински градежен инспектор, излезе на терен за да ја провери состојбата со нелегалното градилиште за изградба на улица на Кеј.kej

Притоа како што соопштуваат од општина Центар, инспекторот констатираше дека градилиштето не ги исполнува предидените  законски норми, не е заградено, не е обезбедено и нема видливо поставена табла на која стојат податоците за инвеститорот, изведувачот, надзорот и што се гради.

Испрати коментар

Scroll To Top