Насловна / Арт и дизајн / Љубовните проблеми како феноменални илустрации

Љубовните проблеми како феноменални илустрации

Дека актерите често пати се талентирани и во други области на уметноста, со својот пример го потврдува и Џеси Кејв. Младата Британка која ја паметиме од филмскиот серијал за Хари Потер, во кој го играла ликот на Лаванда Браун. Во својата кариера таа имала уште неколку значајни актерски остварувања, а се занимава и со stand up комедија.кејв илустрации_01

Но, во нејзиниот моментален фокусот се илустрациите, кои со јавноста ги дели преку својот официјален Instagram профил. Главниот мотив на нејзините дела обично се сложени чувства кои доаѓаат заедно со романтичните врски.кејв илустрации_02

Нејзините ликови ќе ги видиме како планираат да се одмаздат на своите поранешни партнери или како се обидуваат да продолжат со своите животи после неуспешните врски, а сето тоа на исклучително духовит и шармантен начин, а понекогаш прикажува и пријателски односи или секојдневни ситуации.кејв илустрации_03

Илустрациите се многу добро примени од страна на публиката, па Кејв издаде и книга илустрација насловена Love Sick. Покрај тоа, на нејзината официјална веб-страница може да се купат нејзините илустрации, како и да нарачате некои персонализирани.кејв илустрации_09 кејв илустрации_11 кејв илустрации_10 кејв илустрации_04 кејв илустрации_05 кејв илустрации_06 кејв илустрации_07 кејв илустрации_08

Испрати коментар

Scroll To Top