Насловна / Вести / Општина Аеродром го собира електронскиот отпад од вашиот праг

Општина Аеродром го собира електронскиот отпад од вашиот праг

Општина Аеродром и „Нула отпад“ од денеска почнуваат нов начин на собирање електричен и електронски отпад од домаќинствата.
Жителите на Општина Аеродром имаат можност да го користат бесплатниот сервис за собирање е-отпад директно од домовите.

Nula otpad5

Сѐ што треба да направат е да пријават на телефонската еколинија 070/236-000 дека поседуваат електронски или електричен отпад, како што се стари телевизори, машини за перење, бојлери или мали уреди за домаќинство.

Nula otpad3
„Го поддржуваме овој нов начин на собирање електронски отпад бидејќи тој е еден од најопасните загадувачи. Со собирањето електронски отпад директно од домовите им помагаме на граѓаните на едноставен и бесплатен начин да се ослободат од опасниот отпад“, изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, на денешната прес-конференција.

Nula otpad4
Претставничката на „Нула отпад“, рече дека не само што им се овозможува на граѓаните да се ослободат од овој опасен и многу често канцероген отпад туку на ваков начин и ќе ја избегнат казната од 60 евра предвидена за фрлање отпадна опрема од домаќинствата заедно со комуналниот отпад.

Испрати коментар

Scroll To Top