Насловна / Архитектура / Општина Аеродром бара начин да ја спречи изградбата на деветкатница пред Мајчин дом

Општина Аеродром бара начин да ја спречи изградбата на деветкатница пред Мајчин дом

Од Општина Аеродром соопштуваат, градење на деветкатница на плацот пред Мајчин дом е спротивно на заложбите на сегашното општинско раководство. Во Опшината досега не е пристигнато барање за одобрение за градба, ниту какво било барање во однос на конкретната парцела и согласно тоа не постои проектна документација за објектот.
Со ДУП И10, изгласан од претходното раководство во април 2017 година, парцелата пред Мајчин Дом се наменува од зона Д1 – парковко зеленило во зона за станбено домување А2.
Во тој период имаше голем број реакции од јавноста во однос ДУП И10 и сегашниот градоначалник јавно говореше против носење на одлуката парцелата да се претвори во градежна. И покрај големите заложби против ваквото решение, претходното раководство го донесе ДУП И10, кој е веќе стапен на сила.
Парцелата пред Мајчин Дом е во приватна сопственост. Според деталниот урбанистички план, тука се предвидува иградба на објект П+8+ПК/П+8, односно приземје, плус осум ката и поткровје, а во дел приземје со 8 ката.
Општина Аеродром во моментов ги разгледува сите правни механизми и бара начин да ја спречи градбата на плацот пред Мајчин дом.

majcin

(Сектор односи со јавност – Општина Аеродром)

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top