Насловна / Вести / Офшор ветерните електрани поставија нов рекорд

Офшор ветерните електрани поставија нов рекорд

Инсталираната моќност на офшор  ветерените електрани во светот, минатата година е зголемена за рекордни  6,1 GW.  Тоа е дури за 35,5% повеќе во однос на 2018 година, кога моќноста на офшор ветерните електрани  зголемена за 4,5 GW, објави Глобалниот совет за енергија на ветерот (GWEC). Вкупната моќност на овие ветерни електрани во 2019 година изнесувала 29 GW.  Според прелиминарните прогнози, моќноста на офшор ветерните електрани ќе се зголеми за дополнителни  50 GW до 2024 година, што значи нивната вкупна моќност би можела да достигне околу 80 GW во следните пет години. А тоа е зголемување за речиси 172% во однос на моменталната моќност. Ben Backwell, извршен директор на GWEC,  истакна дека во 2019 година е продолжен трендот на силниот пораст на офшор ветерни електрани. „Азија и пацификот највеќе придонесуваат за овој раст, особено Кина која е глобален предводник во новите офшор капацитети“ рекол тој.

offshore1

 

offshore2

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top