Насловна / Арт и дизајн / Од утре биенална изложба на 31-та и 32-та сесија на Ликовната колонија Галичник

Од утре биенална изложба на 31-та и 32-та сесија на Ликовната колонија Галичник

Утре, во Националната галерија на Република Северна Македонија, објект Мала станица, со почеток во 19.00 часот, ќе биде поставена биеналната изложба на 31-та и 32-та сесија на Ликовната колонија Галичник. Изложбата ќе биде поставена до 19 овој месец.

ANA GALICNIK 2021-2022

Последните две сесии на колонијата го третираа горливиот проблем на екологијата, на заштитата на животната средина и враќање на загубениот линк со природата.

Ana Pascu - Severance 2021

На 31-та сесија учествуваа и со свои дела ќе бидат претсавени: Ненад Тонкин, Јана Јакимовска, Шќипе Мехмети, Борче Богоевски, Тања Ристовска, Игор Таневски, Ана Трајковска и Ана Ивановска од Македонија, Жангхонг Лиао (Кина), Бурим Муфтиу (Косово),Тарлан Лотфижаде (Иран), Слободан Радојковиќ и Марина Марковиќ (Србија), Франциско Томшик (Уругвај), Ивана Радовановиќ (Црна Гора), Рубен Бас (Германија).

На 32-та колонија партиципираале Џозеф ван Калденбург (Холандија), Милка Делибашиќ (Црна Гора), Магдалена Кучко (Полска), Ана Марија Паску (Романија), Клица Антониу (Кипар), Зара Александрова (Бугарија), Ејгул Догруел (Турција), Денис Јагџи (Косово/Македонија) и нашите автори: Гордана Вренцоска, Христина Зафировска, Ивана Ивна Самандова, Горанчо Ѓорѓиевски, Доротеј Нешовски, Кристијан Јовановски и Зоран Георгиев и нивните дела ќе бидат презентирани во поставката.

Најголем дел од делата се изработени во нови медиуми, како видеа, видео инсталации, дигитални графики, фотографии, интервенции во простор, објекти и концептуални слики и графики.

San, Scena 1, Milka D_Moment

Испрати коментар

Scroll To Top