Насловна / Арт и дизајн / Од денес – Vienna Art Week 2020

Од денес – Vienna Art Week 2020

Овогодинешното издание на „Vienna Art Week“  е претставено во дигитален формат под мотото „Дигаме знаме за уметноста и културата“. Настанот започна на 13. и ќе трае до 20. ноември 2020. година.

11

Програмата вклучува 100 различни настани подготвени за онлајн изданието на неделата на уметноста: разговори со уметници, онлајн перформанси, виртуелни изложби и видеа на уметници.

12

Marina Abramovic: Filmstill “The Current”, 2017, Single channel video, HD video, 59 min 31

За љубителите на Марина Абрамовиќ, тука е едночасовно видео и перформанс наречен „The Current“.

Како врв на неделата, изложбата „House of Rituals“ обединува дела од меѓународни уметници и уметници што живеат и работат во Виена и се занимава со темата ритуал на различни начини.

13

Elisabeth von Samsonow, sto antroploga

Денес се чини дека ритуалите се гласници на минато време и далечни места, но всушност тие се вкоренети во нашето општество, тие служат за социјална поврзаност, структурирање на секојдневниот живот и временските циклуси.

14

ManfreDu Schu, Pygmalion Sculptures II. / c – K*, 2018

Нарцисоидните вредности и задолжителното зголемување на продуктивноста на денешницата се закануваат да ги потиснат ритуалите. „House of Rituals“ придонесува за оживување на старите и новите ритуали.

15

Markus Wörgötter, Wien

Марина Абрамовиќ, Вито Акончи, Пол Мекарти. Скот Клифорд Еванс, Регина Хозе Галиндо, Томас Генслер, Оливер Хангл и Ервин Вурм, се само некои од уметниците кои учествуваат на изложбата, која ќе биде достапна онлајн од денес, 16. ноември.  Целиот програм можете да го следите на страницата Vienna Art Week.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top