Насловна / Вести / Од 1-ви јануари 2026 година, Шведска ја укинува забраната за рударење на ураниум

Од 1-ви јануари 2026 година, Шведска ја укинува забраната за рударење на ураниум

Шведскиот парламент го усвои законот со кој од почетокот на 2026 година се укинува забраната за истражувања и експлоатација на ураниумот, кој е на сила уште од 2018 година. Оваа одлука означува голем пресврт во енергетската и рударската политика на земјата, која сака да ги искористи своите домашни ресурси и да ја зајакне енергетската сигурност во контекст на планираното ширење на нуклеарната енергија.

Според новите прописи, ураниумот повторно ќе биде класифициран како „концесиски минерал“, што значи дека ќе спаѓа во редот суровини од посебно значење. Проценките покажуваат дека Шведска поседува околу 27% од познатите европски резерви на ураниум, што би можело да и обезбеди водечка позиција во снабдување на нуклеарниот сектор во Европа. Укинувањето на забраната временски се поклопува со плановите на владата значително да ги прошири капацитетите за нуклеарна енергија. До 2035 година предвидена е изградбата на најмалку два нови реактори, а до 2035 година дури десет нови постројки.

Испрати коментар

Scroll To Top