Насловна / Архитектура / Облакодерот 262Fifth во Њујорк по проект на московското биро „Меганом“

Облакодерот 262Fifth во Њујорк по проект на московското биро „Меганом“

Станбениот облакодер 262Fifth е веќе во изградба во самото срце на Њујорк. Се наоѓа на Петтата авенија и Западната 29-та улица и ќе биде висок преку 300 метри.

7

Овој објект се издвојува по својата силуета, дизајн и висина. Проектантскиот тим на московското архитектонско биро „Меганом“ кое го потпишува проектот, испроектирал тесна конструкција со само еден стан на кат. Носечката конструкција и сите придружни содржини и комуникации се поставени на западната страна на објектот и се издвоени од останатиот дел на објектот.

2

„’Рбетот е одвоено од телото, со цел да се добие непречен простор за становите и да се обезбеди можност на отворени простори во резиденциите со панорамски поглед“. велат архитектите од „Меганом“. Тимот на чело со проект менаџерот Ј. Григоријан и главниот архитект А. Морозов создале објект со флексибилен и проѕирен станбен простор и импресивни погледи на градот од три страни на зградата.

1

Првите два ката се наменети за простор за комерцијални дејности, а на останатите катови се сместени 41. станбена единица. Облакодерот е така поставен покрај улицата да овој впечатлив дизајн се гледа од Медисон Сквер Парк, Хералд Сквер и опсерваторијата на Емпаер Стејт Билдинг.

6
Кровот на облакодерот е отворен простор кој може да биде резервирана за приватни настани од страна на жителите со што станува уникатна погодност со извонреден поглед од врвот на облакодерот.

3

5

Испрати коментар

Scroll To Top