Насловна / Архитектура / Облакодери поврзани со мостови и велосипедски патеки – како ќе изгледа новата населба во Торонто

Облакодери поврзани со мостови и велосипедски патеки – како ќе изгледа новата населба во Торонто

Објавен е предлог за изградба на градски округ во Торонто, кој се состои од девет кули поврзани со мостови.

Покрај апартмани, комплексот има и градини, терени, кафулиња, патеки за пешачење и велосипедизам, тревници, паркови …

Toronto

Проектот е наречен „Орка Торонто“, а жителите на облакодерите се поврзани со шеталишта и патеки што се испреплетени околу високите згради.

Продавниците, рестораните и кафулињата би биле директно поврзани со отворените површини на паркот на неколку нивоа, а се планираат ескалатори и лифтови.

Центарот на градот, на овој начин, би бил добро поврзан со градската плажа, бидејќи се планира идниот комплекс да биде поставен во близина на станицата Унион.

Toronto1

Проектот вклучува вкупно девет кули, со приближно три илјади станбени единици.

Поврзаните станбени кули, велат Safdi Architects, нудат заеднички капацитети на повеќе нивоа за да се поттикне интеракција меѓу жителите и да се поттикне чувството за заедништво.

Проектот – кој е предлог на деловните партнери: „Kraft Corporation Development“, „Kingsman Group“, „Fangate asset management“ и „European Engineering“, во моментов е под јавна ревизија од градот Торонто.

Toronto2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top