Насловна / Арт и дизајн / Новото дело на Banksy оддава признание на хероите – здравствените работници

Новото дело на Banksy оддава признание на хероите – здравствените работници

Британскиот уметник Banksy им оддаде признание на здравствените работници со ново дело во општата болница во Саутемптон.

Платното, чија фотографија е објавена на неговиот Instagram профил, поставено е како признание на вработените во таа болница за борбата против коронавирусот.

BAN

На сликата е прикажано мало момче како клечи покрај канта за отпадоци. Тој своите херои, Бетмен и Спајдермен, ги отфрлил во кантата и ги заменил со нов суперхерој – медицинска сестра. Како и Бетмен и сетрата има испружена рака и носи маска на лице, капа и кецела со знак на црвен крст, кој е единствен елемент во боја на црно-белото платно.

Уметникот со платното оставил и порака на болницата во која пишува:„Балаодарам за се што правите. Се надевам дека малку ќе го разведри просторот, иако е црно-бело“.

Платното до есен ќе остане во болницата, потоа ќе биде понудено на аукција, а парите од продажбата ќе бидат уплатени во британскиот здравствен фонд.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top