Насловна / Вести / Новиот мост во Џенова ќе се напојува со фотоволтаици

Новиот мост во Џенова ќе се напојува со фотоволтаици

Неодамна беше отворен мостот Genova San Giorgio, изграден за рекордни 15 месеци на местото на стариот мост кој се сруши пред две години. Со оглед дека станува збор за важна транспортна врска во ова подрачје, проектот е изведен во рекордно кратко време со ангажман на повеќе од 1.000 луѓе од околу 40 компании.  Мостот содржи закривена челична конструкција составена од големи делови. Тие делови се изработувани на една локација, а потоа се транспортирани на местото на вградување и монтирани со заварување.

genova1

Вкупната должина на мостот е 1,067m, вклучувајќи 19 распони со височина од 40 метри, поддржани од страна на 18 армиранобетонски столбови.  Стаклената преграда од 2,5 метри штити од пад и ги намалува ударите од ветер на мостот. Мостот има вградени фотоволтаични панели кои се протегаат долж работ на конструкцијата и произведуваат доволно енергија за осветлувањето на мостот и другите системи. Тие практично задоволуаат 95% од потребите од енергија на мостот.

genova2

Од компанијата задолжена за проектирање Renzo Piano Building Workshop (RPBW) велат дека целокупниот дизајн потсетува на труп на брод. Додаваат дека постепеното намалување на пресекот кон краевите на мостот го намалило визуелното влијание на новата конструкција, а покрај тоа, употребата на светла боја за челичните елементи, го вклопува во пејсажот.

genova3

genova4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top