Насловна / Архитектура / Египетските пирамиди повторно ќе се истражуваат со најнова технологија

Египетските пирамиди повторно ќе се истражуваат со најнова технологија

слика-1

Архитекти, инженери и научници од Египет, Канада, Франција и Јапонија најавија дека дополнително ќе ги истражуваат пирамидите во Гиза, вклучувајќи пребарување на останати скриени одаи, патеки и фараонски споменици.

За таа цел, тие ќе користат „инфраред“ осветлување и напредни детектори за да ги мапираат двете пирамиди во Гиза и двете пирамиди во Dashur во северниот дел на Каиро.

Употребата на современата технологија нема да ги уништи спомениците и истовремено ќе овозможи подобро да се разбере како египетските мегаструктури се изградени и како функционираат.

слика-2 слика-3

Сличен проект за откривање на големата мистерија на пирамидите беше направен пред 30 години, меѓутоа истражувањето потпомогнато со најновата технологија се очекува да резултира со многу поголем успех.

слика-4 слика-5

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top