Насловна / Вести / Нови Сад: Меѓународни денови за енергетика и инвестиции

Нови Сад: Меѓународни денови за енергетика и инвестиции

Најголемиот форум за странски и домашни проекти, Меѓународните денови за енергетика и инвестицци, е единствен собир од овој вид во Војводина, и ја отвора сезоната на саеми на Новосадскиот саем, бидејќи е закажан за 27-ми и 28-ми февруари 2019 година. Централни теми ќе бидат: соларната енергија, енергијата од биомаса, геотермалната енергија, топлинските пумпи, ветерниците, енергетската ефикасност во водоснабдувањето и управувањето со отпадните води, енергетскиот менаџмент во локалните самоуправи, модели на финансирање на енергетските проекти и енергетските карактеристики на зградите.

Целта на манифестацијата е поттикнување на деловните контакти и соработка на сите релевантни актери во областа на енергетскиот сектор, стимулирање на поголеми вложувања во нови технологии и обновливи извори на енергија, но и подигање на свеста за важноста на климатските промени.

Учесници на манифестацијата се професионалци од енергетскиот сектор, претставници на јавниот сектор, како и претставници од меѓународни и домашни финансиски институции, млади иноватори, медиуми и други.

MDEI1

MDEI2

MEDI4

MDEI3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top