Насловна / Вести / Нови 45 решенија за легализација на дивоградби во Кисела Вода

Нови 45 решенија за легализација на дивоградби во Кисела Вода

Во пресрет на одбележувањето на 60 годишното постоење на општина Кисела Вода, денес градоначалникот Билјана Беличанец- Алексиќ, додели нови 45 решенија за легализација на дивоградби, со што, бројот на решени предмети се искачи на 3868.

Градоначалникот Беличанец-Алексиќ пред присутните додаде дека сеуште е голем бројот на барања до општинските служби кои не се комплетирани, односно 3253 граѓани се уште немаат доставено геодетски елаборат, што го оневозможува финализирањето на процесот на легализација и ги повика жителите на Кисела Вода, да побрзаат и да не ги чекаат крајните рокови.

Испрати коментар

Scroll To Top