Насловна / Вести / Нова пречистителна станица за отпадни води во Гевгелија

Нова пречистителна станица за отпадни води во Гевгелија

Во Гевгелија е пуштена во употреба новата пречистителна станица за отпадни води. Со тоа Гевгелија се приклучи кон останатите градови каде иматретман и прочистување на отпадни води.
Пречистителната станица за отпадни води во Гевгелија е со капацитет на третман на отпадните води од 30.000 еквивалент жители.

Гевгелија пречистителна
Изградбата на на оваа пречистителната станица за отпадни води во Гевгелија е трилатерален проект финансиски подржан од Владата на Швајцарската конфедерација, претставувана преку SECO, Владата на Грција, претставувана од страна на Министерството за надворешни работи и Владата на Македонија која е корисник на проектот, а е претставувана од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Самиот проект се реализираше во три фази: Проектирање и изградба на ПСОВ за непречен и успешен третман на отпадните води согласно европските и национални стандарди, изградба на линија за мил, административна зграда и останатите градежни работи на локацијата и изградба на колектор во должина од 400 метри до разделна шахта и поврзување на регионалниот водовод како и изградба на пристапен пат и мост до градилиштето систем за заштита од поплави.

Гевгелија пречистителна1 (1)

“Гевгелија се приклучува на градовите каде со отварањето на пречистителната станица заживуваат европските стaндарди во областа на прочистување и третман на отпадните урбани води“, вели заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули нагласувајќи дека патот кон ЕУ е токму тоа, задоволување на строги европски стандарди кои за цел имаат подигнување на квалитетот на животот на граѓаните.

Испрати коментар

Scroll To Top