Насловна / Вести / Нов пешачки мост на реката Вардар

Нов пешачки мост на реката Вардар

Пуштен е во употреба пешачкиот мост меѓу Камениот мост и мостот Гоце Делчев кој ќе ги поврзува еврејското маало со сквер Јадран и градскиот плоштад.

most

“Овој мост требаше да биде ултра скап, 50 метри високо панорамско тркало со стопи во коритото на Вардар, кое фрла огромна сенка врз центарот на градот. Овој мост не требаше да го шетаат поминувачите низ центарот на градот, туку само да служи како рампа за пристап до панорамското тркало. Панорамското тркало го градеше ЈСП (со пари од АЕК) и требаше да биде досега најголемата инвестиција на сообраќајното претпријатие. Поголема од било која досегашна набавка на автобуси. Требаше да чини 20 милиони евра пари на граѓаните со кои можеа да се купат уште најмалку 70 еко автобуси на гас како оние што ги набавивме годинава“, напиша градоначалникот Петре Шилегов на неговиот Фејсбук профил.

Овие средства Никола Груевски, Коце Трајановски, Игор Јанушев и советниците на ВМРО ДПМНЕ беа подготвени да ги фрлат на панорамско тркало. Со тоа што изградивме мост наместо тркало успеавме да спасиме половина од таа сума.

most1

Испрати коментар

Scroll To Top