Насловна / Архитектура / Њујорк сака да ги забрани стаклените фасади

Њујорк сака да ги забрани стаклените фасади

Пред два месеца во Њујорк е усвоен законски пакет за зелена градба со кој до 2030 година би требало да се елиминира загадувањето кое е еквивалентно на загадувањето од милионите автомобили. Новите законски мерки подразбираат зелени покриви на сите нови објекти како и забрана за стаклени фасади кои според зборовите на њујоршкиот градоначалник веќе не треба да ги има ни во нивниот град ни на планетата Земја.

Staklena fasada

Ова мислење, според многумина, е целосно издржано, а и фактите се потврдени. Стаклото само по себе е градежен материјал на кој во затворен простор тешко е да му се контролира температурата и рефлексиите, а употребата на целосно стаклен екстериер стана можно само благодарение на напредокот на климатизацијата и пристапот до поевтина енергија. Но, студиите покажуваат дека емисиите на јаглерод од климатизирани канцеларии, во просек, се 60 отсто поголеми од емисиите од канцелариите со природна или механичка вентилација.

Поради оваа причина, списанието Fast Company направи краток историски преглед кој покажува како стаклените фасади во архитектурата стануваат толку популарни.

Луѓето уште во 19 век, благодарение на тогашните популарни стаклени градини, научија како да ги контролираат климатските услови во затворени згради изградени на сличен начин. Во овие случаи, стаклото беше прекриено преку ноќ со изолациски материјали за да се загреат просториите, или само јужните страни на зградите во кои се користеше топлината.

staklena fasada1

Врз основа на овие наоди се појавија и Кристал Палас во лондонскиот Хајд Парк, привремен павилјон изграден како место за изложување на Светската изложба во 1851 година. Сепак, контролата на топлина во  долгото топло лето се покажа како огромен предизвик. Организаторите пробаа различни методи за ладење со цел конечно да одлучат едноставно да отстранат дел од галеријата со цел целосната изложба да трае. Кога, за неколку години, Кристал Палас беше вратен на својата постојана позиција на работ на Лондон, беа направени промени во дизајнот што овозможија подобра вентилација.

Првите стаклени деловни згради кои ги знаеме многу добро денес се наоѓаат во Чикаго и се од крајот на 19 век. Интересно е што некои од најпознатите проекти во овој период всушност се изградени без да се потпираат на напредна климатизација, но беше користена (релативно успешна) природна вентилација. Такви се на пример зградата Crown Hall (1950-1956) и Lakeshore Drive Apartments  (1949), потпишан од страна на познатиот архитект Лудвиг Мис ван дер Рое.

staklena fasada2

За време на изградбата на Crown Hall користени се челични крилја. Во овој случај, специјалистите од IIT Architecture School мораа рачно да ја адаптираат секоја од овие рамки за да овозможат вкрстена вентилација. Сепак, овие методи не успеаа да постигнат современи стандарди и, со текот на времето, во нив се воведе модерна климатизација.

Една од првите модерни згради со стаклена фасада е зградата на Секретаријатот на Обединетите нации, изградена помеѓу 1947 и 1952 година во Њујорк. Напредниот систем за вентилација овозможи строга, едноставна форма и огромен број на катови, но на овој модел подоцна се појавија и многу други облакодери околу – и многу, многу повеќе.

staklena fasada3

Хенрик Schoenefeldt, специјалист за одржлива архитектура, нагласува дека самите стакло структури не се проблематични, туку дека големата штета лежи во тоа дека архитектите не учат од своите грешки и така ја пропуштиле можноста да се создаде една цела нова генерација на еко-ефикасни стаклени облакодери.

Затоа, забраната за стаклени фасади е можна за сите оние објекти кои не ги исполнуваат одредени енергетски ефикасни градежни кодови.

Испрати коментар

Scroll To Top