Насловна / Архитектура / Нискобуџетна викендица од контејнери во популарна викенд населба за Њујорчани

Нискобуџетна викендица од контејнери во популарна викенд населба за Њујорчани

Во престижниот Hemptons, недалеку од Њујорк се наоѓа местото Amaganset каде многубројни познати личности имаат куќи за одмор. На архитектонското биро MB Architecture му се обратил брачен пар со три деца со желба да направи куќа во оваа популарна викенд населба за Њујорчаните, но семејството имало неколку услови.

2

Нивната парцела со триаголна форма, барала дбро обмислена организација, но од друга страна поради својата повисока позиција во однос на околниот терен, нудела потенцијал со прекрасен поглед на залезот на сонцето.

Што се однесува до содржините, на семејството му биле потребни четири спални соби, три бањи, дневен боравок, трпезарија, кујна, како и простор за семејно собирање околу маса и престој на отворено, базен и доволно трева за игра.

1

Со оглед на тоа дека клиентите располагале со помал буџет од потребниот за изградба на куќа,бирото експериментирало со алтернативни материјали, односно префабрикувана изградба и примена на контејнери.

3

„Врз основа на искуството, знаевме дека традиционалниот начин на изградба ќе биде значително поскап. Предложивме примена на префабрикувана изградба и употреба на транспортни контејнери, за да ги намалиме трошоците, олесниме транспортот и создадеме место за експериментален дизајн за кој семејството беше отворено“, објаснуваат архитектите.

4

Имајќи во предвид дека контејнерите се нешто потесни од што е потребно за пространи простори, архитектите по потреба ги отвориле бочните страни, подните или плафонските страни и меѓусебно ги спојувале за да ги добијат посакуваните волумени. На ваков начин овозможени се високи таваници во одредени делови на куќата, што пружа особен ефект во ентериерот и поголема транспарентност.

5

6

Пространи скали водат на катот, кој е интересно организиран со конзолно испуштање на сегменти, па така на спалната соба која е сместена во таа зона, овозможен и е „лебдечки ефект“ и поглед на дворот.

8

Правилната геометрија, едноставните материјали и просторната организација на ентериерот му даваат складен и истовремено впечатлив дизајн.

Целата викендица е формирана околу постоечко дабово дрво во чија непосредна близина се наоѓа, ходник, топлотен мост кој ги поврзува двете единици. Пролазот е опкружен со трева, што дава пријатно чувство, кога се оди од едниот во другиот дел на викенддицата, велат архитектите за ArchDaily.

7

Целиот објект е монтиран за два дена, а сите работи се завршени за два месеца. И секако испочитуван е планираниот буџет.

9 10

Испрати коментар

Scroll To Top