Насловна / Архитектура / Небесен мост кој ќе поврзува четири уникатни кули

Небесен мост кој ќе поврзува четири уникатни кули

Ова е можеби најоригиналниот градежен проект што ја очекува Кина оваа година.

kuli

Станува збор за необичен небесен мост кој ќе има улога да поврзе четири уникатни кули со таканаречениот „тродимензионален, вертикален пејсаж“. Со надеж дека ќе стане центар на градот, Hengkin CRCC Plaza користи стратешко позиционирање и форма за да го максимизира економското производство и да создаде силно јадро на заедницата, каде дарежливиот отворен простор им служи на околните работни простори.

kuli1

Двете највисоки кули се наоѓаат на североисточниот и југоисточниот крај на проектот, искористувајќи ја локацијата и околниот контекст за да се создаде деловен простор од класа А.

kuli2

 

Самиот небесен мост успева да исполни неколку функции и да реши некои од почетните проблеми со кои се соочил архитектонскиот тим на Аедас. Поврзувајќи ги сите области од шемата, мостот делува како динамичен, зелен простор за промовирање на меѓуканцелариска комуникација, интегрирајќи четири згради во една кохезивна целина. Иконски по својата форма, тој создава и посебен, позитивен идентитет за проект кој ќе игра значајна улога во напредокот на градот.

kuli3

Овој прилично амбициозен градежен зафат ќе опфати малопродажни простори, отворени тераси и рекреативни објекти, а целосно треба да биде завршен до крајот на оваа година.

kuli4

kuli5

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top