Насловна / Вести / Не е одлучено како ќе се урива зградата до кафулето „Корзо“!

Не е одлучено како ќе се урива зградата до кафулето „Корзо“!

Ќе се прави проект за проширување на улицата „Даме Груев“, иако уште не е одлучено како ќе се урива зградата до кафулето „Корзо“, информира „Вест“.

Град Скопје распиша тендер за изработка на проект за улицата на потегот од крстосницата кај ТЦ „Палома бјанка“ до раскрсницата кај паркот „Жена борец“.зграда до корзо на даме груев

Според најавите од Градот, улицата треба да стане булевар со четири сообраќајни ленти, по две во двете насоки.
За уривање на зградата до кафулето „Корзо“ постојат две варијанти.

Првата предвидува да се урнат само приземјето и првиот кат, и со потпорни ѕидови да се зацврсти објектот, а втората да се отстранат сите четири ката.
Конечната одлука треба да ја даде ИЗИИС, откако ќе утврди колку е цврста градбата.

Иако Градот уште нема одлучено како ќе се урива зградата, мината година беше донесена одлука за размена на деловен простор со фирмата „Центро“ АД Скопје во стечај. За деловниот простор во приземјето каде што некогаш беше „Рубин кармин“ и првиот кат, „Центро“ ќе добие деловен простор во катната гаража „Тодор Александров“, која се наоѓа отспротива.

2 коментари

  1. Што има да се проширува Даме Груев? Уште тој дрворед фали да го снема за две ленти за коли и отиде зеленилото во градов јабана. СРАМОТА ДА ВИ ЕБАМ МАЈКАТА РЕТАРДИРАНА.

  2. Na dame kerkata

    Ne treba da se proshiruva, treba da se zabrani soobrakaj vo centarot

Испрати коментар

Scroll To Top