Насловна / Вести / Научниците прв пат навлегле во црна дупка и го снимиле нејзиниот хоризонт

Научниците прв пат навлегле во црна дупка и го снимиле нејзиниот хоризонт

Првиот обид да се навлезе во црна дупка и да се направи фотографија од нејзиниот хоризонт на случување, точка без враќање, односно граница во просторот-време изгледа успеа, имајќи предвид дека немало поголеми проблеми во текот на десетдневниот период на набљудување.

Сите собрани податоци се испраќаат во два суперкомпјутери во САД и Германија на натамошна обработка, а научниците очекуваат дека на почетокот на 2018 година точно ќе знаат дали ја имаат првата историска снимна од црна дупка.blek hol

Проектот „Евент Хоризон Телескоп“ поврзал бројни телескопи ширум светот, со цел да создаде телескоп со големина на Земјата, кој би можел да го опфати целиот нејзин дијаметар. Тој е во состојба да сними мошне ситни детали од исклучително голема оддалеченост.

Црните дупки не се тешко забележливи, но проблемот е резолуцијата со која се снимени. Со оглед на тоа што материјалот што го акумулираат е жежок, снимките се често заматени, а новиот телескоп би придонел за изработка на многу појасна снимка.

– Очекуваме да видиме асиметрична слика, на која се наоѓа црна темна област. Тое е сенка на црната дупка. Тука на работ би можел да биде светол прстен. Тоа е фотонски прстен, кружната област на вселената во која гравитацијата е толку силна така што фотоните се принудени да се движат во орбитата. Околу неа се наоѓа една полумесечина, со една страна светла, а другата темна, вели Винсент Фиш, истражувач од Институтот за технологија во Масачусетс.

Центарот на црната дупка е познат како единственост (singularity), еднодимензионална точка, која е незамисливо мала, но содржи огромна маса. Во единственоста просторот и времето бескрајно се криват и законите на физиката престануваат да важат.

Испрати коментар

Scroll To Top