Насловна / Вести / НАТО го проширува своето дејствување и во вселената

НАТО го проширува своето дејствување и во вселената

Северноатланската алијанс а (НАТО) го проширува своето дејствување и на вселената, како петта оперативна зона, по копното, морето, воздухот и од неодамна сајбер просторот.

“Вселената е клучна за одбрана на Сојузот и за рано предупредување и навигација“ изјавил во Брисел генералниот секретар Столтенберг, по што овој потег е одобрен од сите земји членки.

Имено, речиси половина од околу 2.000 сателити во Земјината орбита им припаѓаат на членките на НАТО. “НАТО нема намера да постави оружје во вселената. Но, нападите на сателитите на државите членки би можеле да се сметаат за провокација на која би требло  да се одговори“ согласни се Столтенберг и американската амбасадорка во НАТО.

Членот 5 од основачкиот договор на НАТО вели дека „напад на една членка се смета за напад на целиот Сојуз.“

nato1

nato2

nato3

Испрати коментар

Scroll To Top