Насловна / Вести / НАСА со прес-конференција за „океанските светови“ во нашиот Сончев систем

НАСА со прес-конференција за „океанските светови“ во нашиот Сончев систем

Вечерва во 19 часот, НАСА ќе одржи голема конференција за новинарите за „океанските светови“ во нашиот Сончев систем, на која ќе ги објави резултатите од „пошироката потрага по живот надвор од Земјата“.

Од НАСА, исто така, е информирано дека ќе се разговара за плановите за „идното истражување на океанските светови“. Агенцијата често организира конференции како оваа кога сака да објави многу важни информации.maxresdefault

Меѓу поновите откритија беше откривањето вода на Марс и цел еден потенцијално населив сончев систем во близина на нашиот.

Најновото откритие се фокусира на нашиот сопствен Сончев систем, вели соопштението на НАСА, а особено наодите од вселенското летало Касини, кое беше испратено до Сатурн, но истражува дали постои живот на џуџести планети, и од вселенскиот телескоп Хабл.

Прес-конференцијата ќе биде пренесувана во живо и ќе содржи мислења од многумина од водечките светски експерти за потрагата по вонземски живот. Тоа ќе бидат високи членови на мисијата Касини и експерти по астробиологија, или по истражувањето на формите на живот на други места во универзумот.

Испрати коментар

Scroll To Top