Насловна / Арт и дизајн / Најскапа маса за билјард на светот

Најскапа маса за билјард на светот

Доколку играњето билјард е ваша омилена игра оваа маса за билјард за вас ќе биде мошне интересна.

За да ги задоволи познавачите на оваа игра нудејќи им најдобро од најдоброто, италијанскиот дизајнер на луксузни билјард маси, Teckell, го претстави овој повеќе од раскошен модел кој чини 40.000 долари.

5

1

Се смета за најскапа маса за билјард на светот и овој модел припаѓа на нивната Biliardo колекција. Масата е креирана со помош на CNC машина и содржи стаклени панели со дијаметар 15 милиметри, кои рефлектираат светлина, со база од даб која е нивелирана со помош на 12 шрафа. Маста потоа е поставена со полиуретанска пена под ткаенината, за да биде звучно изолирана.

6

Џебовите на маста направени се од флексибилен полиуретан, со што им е овозможено ширење кога куглата е во џебовите, односно собирање и враќање во првобитна положба кога ќе се извади. Љубителите на билјард можат да ги прилагодат своите маси со горната рамка направена од даб, рачно шиена кожа, хром или злато, а можат да изберат и боја на ткаенината од понудените 25 нијанси.

3

Покрај маста од 40.000 долари ќе добиете и четири стапови, триаголник, професионален сет кугли и сет креди. Маста е долга 2.43 метри со варијабилно подигнување на кристалните ногарки.

4

2

Испрати коментар

Scroll To Top