Насловна / Вести / Најголемо ослободување на резерви досега: IEA испорачува 400 милиони барели нафта на пазарот

Најголемо ослободување на резерви досега: IEA испорачува 400 милиони барели нафта на пазарот

Меѓународната агенција за енергија (IEA) соопшти дека сите 32 земји членки едногласно одлучиле да стават на пазарот 400 милиони барели нафта од своите резерви со цел да се ублажат нарушувањата на пазарот предизвикани со војната на Блискиот исток. Земјите членки на IEA располагаат со итни залихи поголеми од 1,2 милијарди барели, со дополнителни 600 милиони барели комерцијални залихи кои ги држи индустријата. Координираното ослободување на резерви ќе биде шесто во историјата на IEA, која е формирана во 1974 година. Слични заеднички мерки се превземени во 1991, 2005, 2011, како и два пари во 2022 година.

Итните резерви ќе бидат ставени на располагање на пазарот во временска рамка прилагодена на националните околности на секоја земја, а некои држави планираат и дополнителни вонредни мерки. Судирот на Блискиот исток, кој започна на 28.02.2026 година, сериозно го наруши протокот на нафта низ Ормутскиот теснец, при што моменталните количини на извоз на сурова нафта и рафинирани производи паднале на помалку од 10% од нивоата пред војаната. Поради тоа, операторите ширум регионот го запираат или значително го намалуваат производството. Во текот на 2025 година, преку Ормутскиот теснец просечно минувале околу 20 милиони барели нафта и нафтени деривати дневно, што сочинува околу 25% од светската поморска трговија со нафта. Притоа можностите за алтернативни рути се значително ограничени. Секретаријатот на IEA, наскоро ќе објави дополнителни детали за начинот на спроведување на оваа заедничка мерка, а ќе продолжи внимателно да ги следи глобалните пазари на нафта и гас и по потреба да дава препораки на владите на земјите членки.

 

Испрати коментар

Scroll To Top