Насловна / Архитектура / Најголемиот базен во светот кој повеќе личи на океан

Најголемиот базен во светот кој повеќе личи на океан

Во хотелски комплекс во Чиле се наоѓа најголемиот базен во светот, кој повеќе личи на океан отколку на базен.

Имено, приватниот ресорт „Сан Алфонсо де Мар“ во Чиле е дом на најголемиот базен на планетата. И тоа не е само претпоставка, но факт, со оглед на тоа што истите податоци се наоѓаат и во Гинисовата книга на рекорди.базен чиле_4

Базенот има вкупна должина од нешто повеќе од еден километар, зафаќа површина од околу осум хектари, а содржи вкупно 66 милиони литри филтрирано море од Тихиот Океан, и максимална длабочина од 35 метри.базен чиле_6

Исто така, постои можност за спортување, како што е скијање на вода. Сепак, најимпресивен податок е оној што се однесува на големината – базенот е голем како шест илјади стандардни базени.базен чиле_5

Посебен шарм на целиот базен дава неговата тиркизна боја, а температурата на водата е 26 степени, така што тука е многу поудобно и побезбедно пливањето отколку во океанот.базен чиле_2 базен чиле_1

Базенот е отворен во 2006 година, точно пет години по изградбата, а за целиот проект се потрошени меѓу 1,5 до 2 милијарди долари.

Испрати коментар

Scroll To Top