Насловна / Арт и дизајн / Мобилно биро за новите номади

Мобилно биро за новите номади

Студентката Деа Беатовиќ од Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер при УКИМ, учествувала со свое дизајнерско биро Desk to go на изложба на тема „Нови номади“, која била дел од меѓународниот креативен настан, фестивалот „Миксер“ во Белград од 25 до 28 мај.

Поради Интернетот и современата технологија, новите номади можат да работат во различни области како новинари, графички дизајнери, писатели, програмери, итн. Да учат или предаваат онлајн.IMG_3997-1

Според Беатовиќ, нејзината цел била да се создаде производ што може лесно да се произведе, да се транспортира и да се склопува и расклопува секојдневно, без примена на метални спојки, а да може да се користи и како биро или како маса за ручек за двајца во домови со минимални димензии.IMG_4004-1-3

„Барањето на темата беше да дизајнираме нешто што ќе им го олесни и подобри животот на номадите и емигрантите во светот. Моето размислување се движеше во насока на тоа што им треба на современите номади, а не што им требало на номадите во минатото“, вели Беатовиќ.IMG_4007-1-2

Благодарение на работната површина, бирото може да се склопи и притоа да не зафаќа многу место и може да се пренесува, за што Беатовиќ изработила и ранец за транспорт.IMG_4036-1 IMG_4117-1 IMG_4177-1 IMG_4132-1-2

Изработката на делото е на фирмата „Дизајн Фантазија“.

Фотографија: Ана Малјановска

Испрати коментар

Scroll To Top