По долго време тестирање, работење на сите можни детали и со упорност каква што само може да се замисли, стигнавме до редизајнираната ќерамида Contiton 12, за која тврдиме дека е најцврстата во својата категорија.
Еден од главните постулати во работењето на „Винербергер“ е постојаното подобрување на секое поле. Со цел унапредување на квалитетот и перформансите на нашите најбарани производи, македонската ќерамида Contiton 12 доби внимателно осмислен редизајн.
Тој носи значајни технички, функционални и естетски подобрувања, притоа задржувајќи ја компатибилноста со претходната верзија на ќерамидите и со целиот покривен систем од Tondach.

Што е ново и подобро кај Contiton 12?
Редизајнот на Contiton 12 е резултат на детална анализа на потребите на нашите клиенти и на инвеститорите – при ракувањето, поставувањето, транспортот и издржливоста на ќерамидите.
Сите подобрувања во однос на претходниот дизајн се постигнати со внимателни интервенции во производствениот процес. Листата на подобрувања е долга:
- Подобрен механизам за заклучување кој обезбедува поголема стабилност при печењето во U-касетите и при палетизирањето, со што се минимизира искривувањето при печењето и можните оштетувања за време на транспортот.
- Нов елемент за подобра стабилност во U-касетата, при што има помал број точки на допир и се намалува можноста за деформации при печењето.
- Дополнителни канали за одвод на вода, кои придонесуваат за побрзо одлевање на водата од секоја ќерамида.
- Поголеми и поцврсти ребра за зголемена цврстина на ќерамидата при свиткување или притисок.
- Подобрен визуелен изглед – со унапредување на смесата за производство на ќерамидата и со намалување на точките на допир во касетите при печењето, Contiton 12 изгледа подобро од кога и да е!
Поголема цврстина за помало искривување
Еден од најзначајните резултати од редизајнот е подобрената механичка цврстина на ќерамидата Contiton 12. Јакоста на свиткување е зголемена oд 1,6 kN на 1,9 kN. За споредба, според стандардот MKСEN 1304 минималното барање изнесува 1,2 kN, што значи дека Contiton 12 значително ги надминува пропишаните норми.

Подобрено производство, пакување и логистика
Редизајнот на производот оди рака под рака со модернизација на производствениот процес. За таа цел, воведовме нова роботска линија, со која се постигна да нема микропрекини на линијата, да нема оштетувања на ќерамидите од роботот и да добиеме подобра енгоба на ќерамидите.
Редизајнот донесе и покомпактно пакување во пакети од 6 ќерамиди со подобра стабилност. Како резултат на тоа, имаме поцврста и визуелно поуредна палета, помалку проблеми при транспорт и нема оштетени ќерамиди кај дистрибутерите.
Редизајнираната Contiton 12 претставува еволуција на овој веќе на големо докажан производ на нашиот пазар.
Со подобрената механичка цврстина, стабилноста, подобриот производствен процес и оптимизираната логистика, Contiton 12 сега нуди уште повисока сигурност и уште поголема додадена вредност – како за изведувачите, така и за инвеститорите.
Contiton 12 останува препознатлива и станува најцврстата ќерамида досега!

*Комерцијален текст
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија