Насловна / Вести / Над 60 отсто од територијата на САД годинава ќе биде зафатена од суша

Над 60 отсто од територијата на САД годинава ќе биде зафатена од суша

Западниот дел на САД втора пролет по ред ќе претрпи долга суша, предупредуваат научниците.

Во новата сезонска прогноза, американската национална метеоролошка служба предвиде продолжување на сувите временски услови во голем дел од земјата, од Калифорнија на запад, Монтана на север до Тексас на југ.

SAD susa1

Прогнозата доаѓа по минатогодишната најтешка суша во историјата, влошена од рекордните температури што ги погодија западните делови на САД.

“Со оглед на тоа што речиси 60 отсто од континенталната површина страда од услови на суша, ова ќе биде најраспространетата суша што сме ја доживеале од 2013 година“, вели главниот прогнозер Џон Готшалк.

Според него, сушата во некои западни делови трае од летото 2020 година, а се проширила и во јужните делови и долината на Мисисипи.

SAD susa2

Метеоролошката служба навела дека поради исклучителната суша се зголемил ризикот од пожари кои би можеле да бидат подеднакво интензивни како и минатогодишните кои ги погодија Калифорнија и Орегон.

Југозападните држави, како Калифорнија, Невада, Аризона и Јута, се погодени од суша веќе две години, што доведе до нивото на водата во клучните резервоари, како што е браната Хувер, да биде на историски најниско ниво.

Националната служба за океани и атмосфера изјави дека американскиот југозапад од 1895 година претрпел најсушен период од дваесет месеци, меѓу јануари 2020 година и август 2021 година.

Испрати коментар

Scroll To Top