Насловна / Вести / На точак седум години вози велосипедска Критична маса

На точак седум години вози велосипедска Критична маса

Во среда од 17:30 часот ќе се одржи 81-та велосипедска Критична маса, со која иницијативата НаТочак и поддржувачите одбележуваат седум години од првиот ваков настан. Критичната маса во среда ќе се вози низ скопските улици, а потоа велосипедистите продолжуваат со дружење во Градски парк.

Na tocak

“Седум години заедно возиме на скопските улици. Седум години пишуваме, критикуваме, предлагаме нови решенија, ги контактираме институциите. Критична маса во Скопје, па и во другите градови се профилираше како граѓански собир со јасни недвосмислени цели: подобри инфраструктурни услови за возење точак како превоз за сите граѓани од сите генерации и способности (не само за највештите и спортистите). Градови кои се вело-пријателски, каде при планирањето на улиците, велосипедскиот е барем еднакво важен како автомобилскиот сообраќај, градови каде може да се стигне на точак безбедно и удобно од било која до било која точка без прекин Градови кои ги имаат здравјето, безбедноста во сообраќајот, заштитата на животната средина како приоритет во своите сообраќајни и други политики“, соопштуваат од НаТочак.

НаТочак во изминативе седум години бараше да се донесе Правилник за проектирање на велосипедска инфраструктура, Владата да ги обврзе сите поголеми градови да донесат План за одржлива мобилност, потоа Стратегија за велосипедски сообраќај на ниво на држава, за градско, но и за меѓуградско поврзување.

Na tocak1

Исто така, бараа сите нови возови и автобуси да имаат можност за превезување на велосипед, а старите да се адаптираат. Барааа поскоро донесување на Планот за велосипедски сообраќај на Град Скопје и прифаќање на забелешките на велосипедистите, современ автоматизиран Систем за изнајмување велосипеди низ земјава, паркингот за велосипеди да биде задолжителен за сите нови објекти како што е задолжителен паркингот за автомобили, но и донесување на т.н. „Визија Нула“ по примерот на Шведска на национално ниво со цел намалување на бројот на жртви од сообраќај постепено до нула.

Na tocak2

Барањата На Точак се уште многу. “Помина времето на апелирање да се зголеми свеста. Свеста ја има кај доволен број граѓани. Условите ги нема.  Институциите имаат многу помоќни алатки во свои раце од тоа да повикуваат на зголемена свест. Тие преку своите реални приоритети, правилници, планови, проекти, правила и нивно спроведување, како и преку инфраструктурни промени треба да создадат една нова свест и кај мнозинството. На улиците има вело-револуција. Потребна ни е институционална (р)еволуција која ќе го фати чекорот со предизвиците на 21-ви век: климатски промени, загадување, бучава, нездрав начин на живот, физичка неактивност, жртви во сообраќај. Давањето приоритет на пешачењето, возењето велосипед и јавниот превоз во пакет се многу значаен дел од решението на сите овие предизвици! “, велат велосипедистите.

Испрати коментар

Scroll To Top