Насловна / Арт и дизајн / На шведски остров витези на коњи контролираат социјална дистанца

На шведски остров витези на коњи контролираат социјална дистанца

Властите на шведскиот остров Готланд користат коњаници, маскирани како средновековни витези, за да ги контролираат туристите во однос на одржување на оддалеченоста поради пандемијата на коронавирус.

Easing lockdown, Tornamenteum patrol, Visby, Gotland, Sweden - 23 Jul 2020
Облечени во оклоп од 12 век, носат транспарент на кој пишува „Заедно сме одговорни“, витезите ова лето ќе проверат дали туристите кои го посетуваат островот Готланд се придржуваат кон мерките за оддалечување.
Тоа се вработени од компанијата Торнемантум, која организира витешки турнири секое лето, но годинава беше откажано поради пандемијата на коронавирус.
Витезите веќе ја имаа својата прва прошетка, кога ги пречекаа туристите кои пристигнаа на островот со брод во пристаништето.

vitezi1
Во наредните недели може да се очекуваат на плажа, во центарот на градот и насекаде каде постои ризик од пренатрупаност.
Најголемиот шведски остров Готланд се наоѓа во средината на Балтичкото Море и има 58.700 жители. Во текот на 2018 година, островот го посетиле 950 илјади туристи.
Најголемиот град Висби е веќе во средновековен стил, опкружен со ѕид изграден помеѓу 13 и 14 век.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top